Одлуката на САД и В.Британија да го укине увозот на руската нафта, гас и јаглен ќе влијае силно и на растот на цените во светот, и во Македонија. Оваа информација уште повеќе ја усложнува ситуацијата, ќе се зголеми невработеноста, како и инфлацијата и ќе има негативни ефекти во економијата по сите основи, сметаат вечерашните гости во Топ Тема.
Ситуацијата со цените е драматична во сите области, дополнително што сето ова доаѓа на крајот од панденијата која изминативе 3 години целосно ја колабираше светската економија, и само што почна да се опоравува. Одредени фабрики може и да престанат да произведуваат заради цената на енергенсите, а американската одлука ќе ја зголеми цената на нафтата до 185 долари за барел, ќе биде погодена европската економија што ќе се прелее и во нашата.
Директните ефекти врз Македонија ќе бидат генерално мали, затоа што Македонија со Украина и Русија има мал узов и извоз, но индиректните ефекти се поголеми. Имено, европската економија е зависна од гасот на Русија и сето тоа ќе влијае на цената на енергенсите, ќе се зголемат и цените на житарките и металите затоа што Русија е голем произведувач.
