Македонија ги пополнува амбасадорските места во Бугарија, Канада и во Обединетите нациии. Министерот за надворешни Бујар Османи потврди дека по добиените агремани, и потпишаниот указ од претседателот Пендаровски, утврдени се следните предлози за амбасадори.
Агнеса Руси Поповска за вонреден и ополномоштен амбасадор во Бугарија, Агрон Буџаку за вонреден и ополномоштен амбасадор во Канада и Љубомир Данаилов Фрчкоски за вонреден и ополномоштен амбасадор во организацијата на Обединетите нации. Османи додава дека пополнувањето на испразнетите амбасадорски места и натаму ќе биде еден од врвните приоритети на министерството.
