По пресудата и укажувањето на одбраната се согласи и вишото јавно обвинителство пред апелациониот суд на јавната седница за жалбата на пресдуата.
Третото кривично дело за кое обвинетиот Сашо Маијалков доби три години затвор или вкупно 12 за сите три дела во „Таргет- тврдина“ е апсолутно застарено, да се запре крвичниот прогон против него за ова дело посочи вишниот јавен обвинител Елвин Вели кој го застпаува предметот.
„По повод жалбата на обвинетиот С.М. и по службена должност Апелациониот суд Скопје да ја запре постапката за кривичното дело „Примање награда“ од Кривичниот законик поради настапена апсолутна застареност на кривично гонење и следствено на тоа да интервенира во одлуката за казна, додека во останатиот дел пресудата да се потврди,“ побара вишиот обвинител на јавната седница во Апелациониот суд
Но, вишиот јавен обвинител не се откажува од пресудата и висината на казните за останатите обвинети изјави пред аплацискиот совет дека и жалбите на одбраната и обвинетите се неосновани, кривичен правилно пресудил вина, а вештаците на обвинителството биле издржани.
Во низата жалбени молби, одбраната на Мијалков ќе укаже дека тој не формирал злостороничко здружување и не давал улоги ниту заштита и имунитет на групата која прислушкувала што е спротивно на пресудата и обвинението.
Не сум виновна бидејќи сум немала мотив за умисла да уништувам опрема за прислшкување во своја одбрана ќе каже пред советот судии и обвинетата Гордана Јанкуловска, а дека морал да формира комисија за уништување опрема според законот вели и одбраната на ексшефот на кабинетот на Сашо Мијалков, Тони Јакимовски со што триото тогашни полициски шефови сега браат од второстпенито суд да ја отфрли пресдуата иако судот има опција и да им ги намали казните или одново да го врати предмтот во крвичниот суд.
“Таргет-Тврдина“ беше еден од најважни предмети на СЈО за уништување на системите за следење на комуникациите во УБК, и масовното прислушкување на повеќе од 20 илајди граѓани.
Павле Беловски
