Вести Македонија Топ вести

„Кочани сака чист воздух, придружи се и ти“- протест пред фабриката Пејпер Мил

„Кочани сака чист воздух, придружи се и ти“, порачаа денеска граѓанските активисти и жителите на Кочани од протестот пред фабричката капија на фабриката за рецикликарање на хартија Пејпер Мил. Побараа фабриката да се врати на метан, а не да користи пелети од сончоглед, државните институции да вршат мерења и во вечерните часови и за време на викендите и конечно да се постави Пречистителната станица за отпадни води.

Поддршка на кочанските еко активисти и граѓани дадоа и еко активистите од Велес, кои цели 15 години ја биеле битката против загадувањето од Тополницата и последиците од неа. Порачаа да бидат истрајни во својата битка.

Од Одборот за здрав живот во Кочани порачаа дека денешниот протест ќе биде само почеток на подолготрајна и поупорна борба против сите загадувачи на животната средина, а проблемите треба да ги решаваат институциите на системот. Во спротивно, помош за добивање на своите права, граѓаните ќе бараат од странски амбасади и институции, но и од Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за што почнуваат постапка за собирање потписи.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе