Вести Македонија Топ вести

Комисијата за избори и именувања стартува наредната недела

Кон средината на наредната недела, се очекува седница на Комисијата за избори и именувања. Пред тоа, СДСМ треба да назначи претседател и уште еден член на местото на разрешениот Фадиљ Зендели. За целосен баланс меѓу власта и опозицијата во работните тела, оваа комисија ќе треба да предложи промени во 15 комисии, а паралелно да пристапи кон предлагање уставни судии и други функционери.

По разрешувањето на Фадиљ Зендели, во Комисијата за избори и именувања недостасуваат два члена и еден заменик. СДСМ треба да предложи и член и претседател, а ВМРО ДПМНЕ заменик-член. Од партијата велат дека одлуката ќе ја носат деновиве и веќе во понеделник на Координативниот состанок, ќе го известат спикерот Талат Џафери. Првата седница на Комисијата по речиси деветмесечна пауза, треба да се очекува во текот на неделата.

Членовите на Комисијата треба да одлучат што е поитно: кадровско екипирање на институциите или комплетирање на сите собраниски работни тела. Комисијата за финансирање и буџет се обидува да работи без претседател и без двајца члена, Комисијата за политички систем без член и без заменик, а во вкупно 15 комисии е изместен политичкиот баланс или недостасуваат членови. Претседателите на комисиите за труд и за култура не се согласно Деловничкиот баланс. Оваа ситуација настана поради изборот на шестмина пратеници за градоначалници и поради преминувањето на БЕСА во опозиција а на Алтернатива во власт. Сите кадровски решенија треба да бидат разгледани во Комисијата за избори и именувања и изгласани од пленумот.

Иако неговата партија жестоко се противеше на разрешувањето на Зендели и можноста СДСМ да си го врати мнозинството во Комисијата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски вели дека ќе учествуваат во работата и ќе укажуваат на сите пропусти.

ВМРО ДПМНЕ и СДСМ  се согласуваат дека работните тела треба да се соодветни со бројот на освоените пратенички места.

Комисијата за избори и именувања од минатиот мај не може да утврди предлог за избор на уставни судии. Заради тоа, Уставниот суд работи со 4 од неопходните 9 судии и има тешкотии во одлучувањето. Од неа се чека предлог за Советот на МРТВ кој би избрал директор, бидејќи мандатот на сегашниот му истече пред една година, Агенција за медиуми со која трета година раководи стариот состав, како и други кадровски решенија.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе