Вести Македонија Топ вести

Славјанка Петровска: Воена опрема „ДА“ војници „НЕ“ за Украина

Воените специјалци остануваат во касараните и никој засега нема да војува во Украина. Таква одлука нема изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска по одбележувањето на Денот на баталјонот за специјални сили на Армијата во скопската касарана „Илинден”.

Но, засега воена тајна е и опремата која се пакува и ќе отпатува во Украина донација од Македонија , откако украинските власти се обратиле за помош до НАТО алијансата.

„Нивното барање кон нас беше класифицирано и од тие причини и нашата одлука е се уште класифицирана. Но, сметавме дека како чин на транспарентност, јавноста заслужува да биде информирана дека таква одлука сме донеле и заради тоа ја дадовме таа куса информација дека донесовме одлука за воена помош на Украина“, изјави Петровска.

Се пребројуваат капацитетите за сместување. Ќе се опремуваат и чистат а доколку има потреба и барање од украинска страна, Македонија ќе прима и бегалци од војната во Украина, информира Петровска за новиот чекор на владата.

Освен сместување и прием на граѓани ќе се помага и директно во Украина. Долг е списокот за помош, велат од МНР.

Македонија не делува на „своја рака“  туку како НАТО сојузник и одлуката за не емитување на руски телевизи е дел до масивниот пакет санкции ,а не специјална информативна војна, уверуваат двајцата министри.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Сува трева и грмушки горат кај Пробиштип, Куманово и Петровец

Дејан Дејан

Песков: Не е можно замрзнување на конфликтот во Украина

Дејан Дејан

Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе