Вести Ковид19 Свет

Словенецот кој за пари се вакцинираше во името на други лица доби 10 месеци затвор

Човек во Словенија кој се вакцинираше во името на други луѓе за да добијат ковид пропусници е осуден на 10 месеци затвор поради измама.

Парична казна е изречена за четворица мажи кои му платиле за оваа „услуга“.

Мажот кој наместо други лица, бил шест пати вакциниран, е осуден на затвор. Тој беше откриен на крајот на декември додека се обидувал да ја прими седмата доза и веднаш му беше одредена мерка притвор.

Нарачателите на услугата, исто така се осудени за измама, но тие минаа без затворска казна, при што двајца се казнети со по 2.550 евра, а двајца по 1.360 евра.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР: Најголеми последици од невремето се регистрирани во Скопје, 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви

Kristina Kuzmanovski

СДСМ бара оставки за случајот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Над 8.300 повици на 112 по невремето во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе