Вести Македонија

Нефи Усеини и официјално ќе се грижи за заштита на животната средина во Охрид

Нефи Усеини, поранешниот советник од ДУИ во Советот на Општина Охрид, е нов член на општинската Комисија за заштита на животната средина, според веб страницата на општината. Именувањето на Усеини во комисијата предизвика реакции во јавноста, затоа што неговите бизниси беа меѓу главните забелешки на УНЕСКО за одземање на заштитениот статус на Охрид.

Покрај тоа што од денеска ќе се грижи за животната средина во Охрид, Усеини од вчера, преку неговата градежна компанија „НЕФИ ИК“, ангажирана како подизведувач на сараевската „Енергоинвест“, започна да го гради 400 киловолтниот далновод од Битола до македонско-албанската граница.

Новиот член на комисијата во Охрид, исто така, е познат по дивоградбата кај Чинарот и бетонската база на брегот на езерото, која беше урната во 2020 година. Истата година доби и кривична пријава за насилство, поради што избега, но случајот се затвори откако нападнатиот ја смени изјавата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(фото)Бела пена ја прекри реката Вардар доаѓа од Лепенец – инспекторатот е на терен

Дејан Дејан

Обвинителството не ја поврзува смртта на вработен од Комуналец во канал, со загадувањето во Гостивар – има видеозапис од неговата интервенција

Дејан Дејан

Кај заболените во Гостивар изолирани бактерии и вируси, но вистинскиот причинител за стомачните тегоби нема да се дознае – велат од КЗБ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе