Македонија Топ вести

Почнуваат преговори за изборни реформи

За уставни промени потребен е консензус и дијалог затоа што во спротивно може да се направи голема штета со неговото отворање, вели премиерот Ковачевски по најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека е потребно да се намали бројот на пратеници од 120 на 90.

Ковачевски повтори дека предвремени избори нема да има а за измени на  Изборниот законик потребно е да се формираат работни групи кои ќе го дефинираат изборниот модел. Токму за ова прашање опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието отпочна со преговори со парламентарните партии. Даваат поддршка на предлог измените поднесени од малите политички партии со кои се бара една изборна единица, без изборен праг.

Изборните реформи ќе се одвиваат во три фази, а последна би биле уставните измени за намалување на бројот на пратеници.

СДСМ ги оцени како лицемерни ставовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тврдат дека само со консензус може да се дојде до заеднички прифатливо решение за изборните правила.

На 10 февруари пред пратениците ќе се најде и предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на пржинската влада. Иако постои начелна согласност за бришење на одредбите, владејачкото мнозинство сепак инистира предлогот да биде потпишан од сите партии, а не само од ВМРО-ДПМНЕ.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

(Видео) Да трпиме за вода на овие температури во јули, ова го нема никаде – анкета меѓу гостиварци

Sasko Dimovski

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе