Вести Македонија Топ вести

Османи пред собраниската комисија за надворешна политика ќе реферира за обновениот дијалог со Бугарија

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска пред собраниската комисија за надворешна политика треба да да ги презентира во писмена форма одговорите коишто Македонија во декември минатата година и ги достави на официјална Софија на нивниот т.н. план „5+1“.

Пратениците бараат потврда дали таквите одговори се совпаѓаат и се во рамките на усвоената Декларација од македонското Собрание со која се утврдени заедничките национални позиции.

Бугарската страна инсистира што и да се договорат двете држави да се ратификува во Собрание. Тоа го бараат и нашите луѓе од овде, опозиција па ќе се оди во Собрание, рече Османи во гостување на Утрински брифинг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум милиони денари штета на буџетот – Финансиска полиција поднесе кривична пријава против управител и правно лице за даночно затајување

Sasko Dimovski

Општините со милијарди денари ненаплатени даноци и такси

Sasko Dimovski

Европската Унија постигна договор за 21-от пакет санкции за Русија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе