Вести Македонија Топ вести

СОНК предлага првите две недели да има онлајн настава

Министерството за образование и Владата треба да размислат за алтернативни методи на наставата во второто полугодие за учениците, додека бројот на заразени не падне и не се стабилизира епидемиолошката сосотојба во земјата, апелираат од СОНК.

Според претседателот Јаким Неделков, сите се свесни дека омикрон-сојот побрзо и полесно се шири, но со оглед на минусните температури и на почитување на протоколите на проветрување на училниците, покрај ковид-19, може да има и ширење на грип, настинки и друго. Предлагаат првите две недели да се одвиваат онлајн, со оглед на тоа што за неа се веќе обучени наставниците. Иако потежок, овој начин е побезбеден велат од СОНК. Владата на вчерашната седница донесе одлука второто полугодие да започне на 1-ви февруари со физичко присуство и согласно протоколите за заштита од коронавирус. Одлуката е донесена по препорака на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

НАЈНОВА ВЕСТ: Дозволена екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо

Дејан Дејан

Приватните специјализанти не се откажуваат од борбата за нивните права

Дејан Дејан

Вработените во ФЗО на предупредувачки протест – или исполнети барања или генерален штрајк од јуни

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе