Вести Македонија Топ вести

СОНК бара две недели онлајн настава, МОН одбива

Брзото ширење на сојот омикрон, во комбинација со грипот и настинките, ниските температури и неможноста често да се проветрува се причините поради кои Самостојниот синдикат за образование и наука побара првите две недели од второто полугодие да почнат со онлајн настава. Не се сигурни во исправноста на синоќешната одлука на владата, наставата од 1 февруари да почне со физичко присуство.

Од СОНК се свесни дека овој начин на настава е потежок, но засега го сметаат за побезбеден. Наставниците се веќе обучени, а на учениците им е познат начинот на функционирање. Реагираат и дека, никој од владата никогаш не ги консултира околу носењето на мерки, иако се најголем претставник на образовните и културни работници во државата. Сметаат дека имаат право, но и обврска да ги кажат своите ставови и да дадат придонес кон надминување на неповолната здравствена ситуација во државата.

Но, Министерството и владата и овојпат нема да излезат во пресрет на нивното барање.

Според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта, до крајот на првото полугодие, процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а активни случаи со КОВИД-19 кај учениците со физичко присуство во првото полугодие не надминал 0,3 проценти.

Истовремено, со одлука на Владата, пак, од синоќа е намален и периодот на изолација или карантин за асимптоматските случаи и за лицата кои биле во контакт со заразен.На потврдените позитивни со PCR или со брз антингенски тест , а кои не развиле симптоми на болест, им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена строго почитување на мерките за лична заштита (носење заштитна маска N95 при престој во затворен простор или на отворено кога не може да се држи растојание од два метри, честа дезинфекција на раце, избегнување на групирање).За тие кои развиле клиничка слика, изолацијата е седум дена, плус три ако немаат температура. Лицата кои имале блиски контакти на потврдени случаи се упатуваат во домашна самоизолација седум дена од денот на последниот контакт со потврдениот случај, а по завршување на овој  период, потребно е дополнителни три дена строго да ги почитуваат мерките за лична заштита.

Ова нема да важи за вакцинираните лица пред најмалку шест месеци и прележаните пред  шест месеци.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина 13-годишно момче кое беше меѓу повредените во нападот со мачета во Лондон

Дејан Дејан

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Министерот за правда Кренар Лога потврди дека е дозволена екстрадиција на Палевски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе