Вести Македонија Топ вести

СДСМ утврди тројца заменик-министри за здравство, финансии и информатичко општество и администрација

Владимир Рендевски, актуелниот директор на клиниката за неврохиругија ќе биде заменик министер за здравство, тој доаѓа од истата клиника како и претходниот министер за здравство Венко Филипче, и е доцент по хирургија и неврохирургија на катедрата на медицинскиот факултет.

Филип Николовски од КБ пензиско друштво е предложен за заменик во министерството за финансии, кој според СДСМ, е независен финансиски и инвестициски експерт, со долгогодишно искуство во финансиите и инвестициското банкарство.

Промена нема да има во местото заменик-министер во Министерството за информатичко општество и администрација. Според информациите, Александар Бајдевски повторно ќе биде на истата функција.

Ова се  дел од решенијата за заменици министри  за кои синоќа премиерот Димитар Ковачевски ги информирал сопартијците на Централен одбор, а новите имиња треба да бидат предложени и до собранието.  Сопартијците му дале овластување да преговара и  за останатите кандидати за заменици министри кои ќе бидат од коалицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе