Вести Македонија

Почина Реџаил Ќерими, осуден на доживотен затвор за нападот кај ПМФ

Во затворот Идризово починал Реџаил Ќерими, лице кое беше осудено на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските Алфи кај ПМФ.

За смртта на Ќерими, на социјалните мрежи објави член од семејство.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека е пријавена смрт на затвореник во овој затвор со иницијали Ќ.Р. од Куманово.

Неофицијално Ќерими починал како последица на мозочен удар.

Инаку, во 2008 година на паркингот на Математичко -природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските Алфи еден припадник на единицата загина, додека пак двајца негови колеги, со кои бил на патрола, беа повредени.

Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе