Вести Македонија Топ вести

Собранието смета дека не се создадени деловнички услови за бришење на одредбите во законот за техничка влада

Собранието смета дека не се создадени деловнички услови за законот за измени на влада со кој се бришат одредбите за постоење на т.н. техничка или Пржинска влада, поради тоа што законот се уште не бил преведен и дистрибуиран до пратениците.

Собранискиот спикер Џафери смета дека сите политички партии треба да го дадат својот потпис за предлог измените и да се постигне консензус затоа што според него, познато е дека овој закон е противуставен и производ на политичката криза од 2016 година.

Подносителот, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека законот треба во најкус можен рок да се донесе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе