Вести Македонија Топ вести

За Петков нотата во ООН е огромен успех, за Димитров – уривање на македонските позиции

Огромен успех. Вака бугарскиот премиер, Кирил Петков, ја оцени вчерашната посета на Македонија пред новинарите во Софија. Најзадоволен е од отстапката што ја направи владата, со тоа што испрати дипломатска нота до организацијата на Обединетите нации, потврдувајќи дека двете имиња на државата (краткото и долгото) се подеднакво валидни и оти со употребата на краткото име немаме никакви територијални претензии.

Но, за поранешниот вицепремиер за евроинтеграции, Никола Димитров, токму со  оваа нота се уриваат преговарачките позиции на македонската влада и се оди кон лош договор.

Обидот, ова да и` се претстави на јавноста како успех, затоа што Бугарија повеќе нема да го оспорува краткото име на државата, за него е дрско потценување на македонската јавност.

Неговиот наследник на функцијата, Бојан Маричиќ, пак, не крие дека отстапката е направена на барање на Бугарија, за да може да се користи краткото име Северна Македонија во меѓународните институции, вклучително и во Европската унија.

Ова прашање, всушност е една од 5+1 точките за кои владите на двете држави се усогласуваат подолг период. Другите четири точки предвидуваат немешање во внатрешните работи на Бугарија, историската комисија да се состанува барем пет пати во годината, да се осудат актите на комунизмот и да се реагира кон говорот на омраза. Дополнителната точка, пак, се однесува на можноста за внесување на бугарската етничка заедница во македонскиот Устав пред земјата да стане членка на ЕУ. И за ова вчера беше покажана добра волја, особено од страна на ДУИ.

Далиборка Дамјанска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе