Вести Македонија Топ вести

Телма репортажа од делчевското село Драмче каде се појави болеста африканска свинска чума

Светот го знае по Копачката, пијанечката филхармонија, а деновиве македонската јавност и одгледувачи на свињи по првиот случај на африканска свинска чума, која и официјално е потврдена на 6 јануари во две семејни фарма.

175 свињи се уништени, а најмногу во фармата на Васо Десподовски од маалото Димовци во село Драмче. Во очите има неизмерна тага, кога  ги гледа празните боксови, во кои чувал околу 60 свињи. Се надевал дека ова ќе му биде идната егистенција. Самиот побарал да го прогласат како технолошки вишок од делчевското комунално претпријатие за да се посвети на новиот бизнис.

Низ маалото Димовци е тивко, во фармите се останати само кокошки, кози и крави. Мештаните сега чекаат државата да ги обештети, Десоподовски очекува за уништените свињи да добие над 300.000 денари, но за нив останува да виси прашањето кога ќе можат повторно да одгледуваат свињи. Според жителите африканската свинска чума е од дива свиња.

На истиот став се и ловџиите од Пијанечкиот регион, кои алармираат дека има голема наезда од диви свињи. Но, отстрелот е забранет во овој регион по појавата на африканската свинска чума.

Во моментов се прегледуваат 741 свиња во радиус од 10 километри, доколку резултатите се негативни ќе одат во кланици, а ако има потврда да заразната болест тогаш ќе завршта во специјална јама. Одгледувачите на свињи очекуваат за еден или максиумум два месеца да го добијат обештетувањето, а во меѓувреме големите фармери побараа поригорни контроли и инспекции на терен, со цел да се зачува бизнисот од 180 милиони евра. Македонското свежи свинско месо е квалитетно и засега нема да има зголемување на цената.

Викторија Јованова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан

Дејан Дејан

Ирански рапер осуден на смрт заради поддршка на протестите

Дејан Дејан

Со отворањето на изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ започнува деветтото издание на КРИК

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе