Вести Ковид19 Свет Топ вести

На една страна од имиграциониот камп-хотел, оро на симпатизери на Ѓоковиќ: на друга- бегалци кои и по 9 години чекаат влез во Австралија и судир со полиција

Пред хотелот во кој како илегален емигрант е сместен најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, собрани се негови симпатизери и поддржувачи, најголем дел Срби од Австралија. Тие играат оро, со свеќи во раце го слават Бадник и добија поздрав од Ѓоковиќ кој преку прозорците ги отпоздрави како што прави после секоја победа на теренот, правејќи срце со дланките- известува австралиската новинарка Кејт Кели.

Но, во истиот хотел се сместени и многу други луѓе, чиј проблем не е како оној на Ѓоковиќ, дали ќе биде пуштен во Австралија за да игра на првиот гренд слем во тенис.

Таму се наоѓаат и вистински бегалци кои се наоѓаат во филтрите на австралиските власти за да дознаат дали ќе бидат пуштени во државата.

Еден од нив преку прозорците на овој бегалски хотел покажал 9 прсти кон луѓето надвор што според новинарката Кели значело дека 9 години чека решавање на сопствениот статус на 5-тиот континент.

Пред хотелот кој е и бегалски центар постојано има протести на активисти за човекови права кои бараат пуштање на мигрантите и бегалците од тој простор.

Но, до заточувањето на Ѓоковиќ немаше многу известувања за овие човечки судбини. Дури и еден подржувач на Ѓоковиќ рекол дека иако дошол за тенисерот се почувствувал засрамено поради тоа што е погрешно луѓе да седат и по 9 години затворени во бегалски центар.

Активистите кои бараат ослободување на бегалците пак денеска се собраа во поголем број, а имаа и судир со полицијата откако двајца биле уапсени затоа што се качиле на дел од хотелот за бегалци, извести Кејт Кели на нејзиниот твитер профил.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Петнаесетина минути чекање на ГП „Богородица“ за излез од државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе