Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Грчки медимуи: Казина во Македонија издаваат лажни ковид сертификати

Поставена фабрика со лажни сертификати во казино во Северна Македонија. Онаму каде што се нуди можност за коцкање, алкохол и забава 24 часа на ден, тие даваат и сертификати за негативен брз тест, вака пишуваат грчките медиуми.

Според грчката телевизија Опен, случаите биле откриени кога во еден ден од 45 патници на кого им бил направен брз тест на границата, 9 испаднале позитивни.

Телевизијата наведува дека некои од казината, на клиентите им го даваат брзиот тест со негативен резултат, многу автентичен документ, без да направат никакво тестирање.

– Во суштина тоа е фабрика. Менаџерите на казината во соседната земја наоѓаат начин да не ги едуцираат своите клиенти бидејќи зголемените санитарни услови ги обесхрабруваат многумина да одат да си ја пробаат среќата. За да не изгубат клиенти, тие… го измислија овој начин за да заштедат пари и напор, пишуваат грчките медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Петнаесетина минути чекање на ГП „Богородица“ за излез од државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе