Вести Ковид19 Свет

Бројот на починати од епидемијата во Колумбија надмина 130 илјади

Бројот на луѓе кои ги загубија животите поради епидемијата на Ковид-19 во Колумбија надмина 130 илјади.

Во земјава каде во последните 24 часа беа регистрирани 9 илјади 148 нови случаи, бројот на заболени се зголеми на 5.191.021, а бројот на оздравени се зголеми за 5 илјади 168 на 4.983.053.

Од друга страна, во рамките на кампањата за масовно вакцинирање во земјава 75,2 отсто од населението ја примиле првата доза, 54,1 отсто втората, а 5,4 отсто третата доза.

Со население од 50 милиони, Колумбија е 13-та земја со најголем број случаи во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Запленет накит на ГП „Табановце“, кривична против едно лице – македонски брачен пар од Белгија фатен во обид за шверц на злато

Sasko Dimovski

Шеесет и петгодишен работник од Куманово се здобил со тешки повреди по пад од зграда

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе