Вести Ковид19 Свет

СЗО: Комбинацијата Делта и Омикрон предизвика цунами на коронавирус

Тедрос Аданом Гебрејесус, шеф на Светската здравствена организација (СЗО), рече дека комбинацијата на варијантите Делта и Омикрон доведе до цунами на опасни случаи на Ковид-19.

Изјавата на Тедрос Аданом Гебрејесус дојде откако беа срушени рекорди во нови случаи во земјите во САД и Европа.

Тедрос објасни дека зад севкупниот обем на случаи стојат „двојните закани“ од две варијанти.

„Ова ќе продолжи да врши огромен притисок врз исцрпените здравствени работници и здравствените системи кои се на работ на колапс“, рече шефот на СЗО.

Франција објави највисока дневна бројка досега во Европа, втор ден по ред, со 208.000 случаи.

Соединетите Американски Држави пријавија во просек 265.427 случаи минатата недела.

Рекордни бројки објавија и Данска, Португалија, Англија и Австралија.

Полска објави 794 смртни случаи поврзани со Ковид-19 во средата, што е најголем број во четвртиот пандемски бран. Повеќе од три четвртини од нив биле невакцинирани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Петнаесетина минути чекање на ГП „Богородица“ за излез од државата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе