Вести Ковид19 Свет

Експлозијата на омикрон варијантата

Две години по појавата на коронавирусот и една година по започнувањето на вакцинацијата на глобално ниво нов рекорд од милион 222 илјади и 400 заразени ширум светот од Ковид, што е пораст за речиси 200 илјади за само една недела.

Високо мутираната и најпренослива варијанта досега, Омикрон брзо станува доминантен вид на глобално ниво бидејќи е отпорен на имунитетот што го обезбедуваат вакцините и претходните инфекции. Според анализите омикрон инфицира 70 пати побрзо од претходните соеви.

Построги рестрикции поради коронавирусот стапија на сила во Шкотска, Велс и Северна Ирска, но владата на британскиот премиер Борис Џонсон засега се воздржува од воведување дополнителни мерки во Англија. Епидемиолозите со критики дека бројот на нови инфекции повеќе од 100.000 и 143 починати, се доволна причина за загриженост.

Ако ги гледаме доказите, а би требало да се раководиме од нив, тогаш непосредно пред Божиќ стапката на Ковид на 100.000 беше многу повисока отколку во Шкотска, Велс и Северна Ирска. Така што мислам дека имаме вистинска причина за загриженост бидејќи Британија не се раководи од науката, објаснува Андре Ватерсон, експерт за јавно здравје, изјави

Дел од Англичаните кои се вакцинираа со трета доза велат дека вакцината не е доволна и дека се потребни построги мерки.

Експлозијата на омикрон варијантата во Австралија предизвика големи гужви на пунктовите за тестирање, а во болниците се откаа некои операции. Од 6.000 бројот на инфекции во Сиднеј за само еден ден се искачи на 11.000. Според здравствените власти 80% од случаите се инфицирани со Омикр.

Имаме огромни набавки за брзи антиген тестови за Западна Австралија, очекуваме дека ќе имаме околу осум милиони до петти февруари и очекуваме да добие уште повеќе после тоа, најави Марк Мек Говен, премиер на Западна Австалија.

Со два милиони домашни тестови градот Њујорк се подготвува за безбеден почеток на второто полугодие, бидејќи распустот завршува следната недела.

Значи, пред се, широка масовна дистрибуција на комплети за домашни тестови во секоја училница. А кога постои позитивен случај во училишница, секое дете добива домашен тест и се тестира дома. Секое дете кое има негативен тест се враќа на училиште. Тоа е толку едноставно, се додека се асимптоматиски и додека се негативни на тестот, секогаш доаѓаат на училиште, рече Бил де Блазио, градоначалник на Њујорк.

И додека бројките на новозаразени растат ширум светот, дневните смртни случаи од Ковид не се значително зголемени. Седумдневниот просек на смртни случаи се движи околу 7.000 од средината на октомври и покрај појавата на омикрон.

Билјана Ставрова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Зеленски: Путин одбивајќи средба избира војна

Дејан Дејан

Тилев и Стојковски: Македонија треба да инсистира на „front-loaded“ пристап во преговорите со ЕУ, но клучот е во уставните измени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе