Вести Македонија

Хусни Исмаили се соочува со кривична пријава за злоупотреба на службената положба

Идниот потпретседател на Собранието и поранешен министер за култура Хусни Исмаили се соочува со кривична пријава за злоупотреба на службената положба.

Додека неговата пшартија Алтернатива го предлага за втор човек во парламентот, Антикорупциската комисија го товари дека го оштетил државниот буџет додека бил министер.

До јавното обвинителство е поднесена иницијатива за покренување кривична пријава поврзана со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес а буџетот е оштетен за околу 500 илјади евра.

Исмаили пак сега е пратеник и е еден од договорените функции меѓу новите коалициони партнери СДСМ, ДУИ и Алтернатива.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Чикаго, Детроит, Вашингтон и Њујорк под чад кој се шири од пожарите во Канада

Sasko Dimovski

Англија ќе воведе забрана за продажба на енергетски пијалаци на лица под 16 години од април во 2027 година

Sasko Dimovski

ЕУ назначи Словенец за „помирување и нормализација“ на Западен Балкан

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе