Ковид19 Свет Топ вести

ЕК: Ковид сертификатите да важат девет месеци по примањето на втората доза

Европската комисија донесе одлука ковид сертификатите да важат девет месеци сметајќи од денот на примањето на втората доза. Оваа одлука е донесена по предходно мислење на Европскиот центар за контрола на болести според кое третата доза вакцина се препорачува шест месеци после примањето на втората доза,

  • Сертификатот ќе биде валиден во период од три месеци по ситекот на предходните шест месеци за да им се обезбеди пристап до трета доза на грашаните, соопштува Европската комисија.

Новите правила кои се однесуваат на патувањата ќе почнат да важат следната година.

Меѓутоа државите членки на ЕУ можат самостојно да донесат мерки кои ќе се однесуваат на нивните граѓани.

ЕК соопшти дека до сега се издадени 807 милиони сертификати, а на овој систем се приклучија вкупно 60 држави од сите делови на светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парични казни за 12 лица, сите полнолетни – полицијата почна со санкции за тротинетџии

Sasko Dimovski

Агент што го познавал Епстин пронајден мртов во стан во Париз

Sasko Dimovski

Рекордни 1,15 трилиони долари за одбрана – Трамп побара, Претставничкиот дом на САД одобри

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе