Вести Ковид19 Свет

Вашингтон повторно го врати задолжителното носење маски во затворен простор

Градоначалничката на Вашингтон, демократката Мјуриел Баузер, најави дека носењето маска во затворен простор од денеска повторно ќе стане задолжително во главниот град на САД. Мерката ќе остане во сила до крајот на јануари, кога ќе биде преразгледана.

Баузер ги отфрли критиките дека избрзува и ги повика жителите на Вашингтон да се вакцинираат и да ги ограничат своите физички контакти за време на празниците. Таа најави и дека ќе прогласи вонредна состојба во градот.

Бројот на случаи на коронавирус во Вашингтон, во меѓувреме, повторно се зголеми, има голем раст на новозаразени со новата варијанта омикрон. Епидемиолошката ситуација во САД се влошува со појавата на новиот сој – тоа е веќе доминантна варијанта на коронавирусот во земјата, со 73,2 отсто од новите случаи во неделата до 18 декември. Првиот смртен случај по инфекцијата со новата варијанта на коронавирус веќе е пријавен во САД – во  округот Харис, Тексас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД и Иран разменија напади – прекинот на огнот загрозен

Дејан Дејан

Почна државната матура – првиот изборен испит го полагаат над 14 500 ученици

Дејан Дејан

Украина и Русија ослободија по 185 затвореници во последната голема размена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе