Македонија

И покрај недобивањето датум Македонија треба да продолжи да ги спроведува реформите

Државава треба да го реформира правосудството и да ја зајакне борбата против корупцијата, без разлика дали има или не датум за преговори. Даниел Браун од Фондацијата Конрад Аденауер вели дека блокадата на Бугарија не е разумен аргумент, но не треба да значи и крај на европскиот пат за Македонија. Смета дека нашата земја има закони, но и проблемот е  со нивната имплементација.Едни од нив не ги спроведува власта, а други пак граѓаните.

На ниво на држава, имате Закони, но понекогаш не секој е еднаков пред нив и верувам дека тоа е нешто на што треба да работите, затоа што ако сакате граѓаните да имаат доверба во институциите потребно е законот да важи еднакво за сите, вели Даниел Браун од фондацијата Конрад Аденауер.

Новите барања од Бугарија делуваат фрустирачки и обесхрабрувачки за македонските граѓани, но реформите во клучните поглавја мора да продолжат, смета Васко Наумовски, претседател на Институтот за општествени истражувања и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

На штипскиот Правен факултет денеска се дебатираше за поглавјата 23 и 24 кои ги опфаќа правосудството, борбата против корупцијата и темелните права на граѓаните. Согласно новите критериуми за проширување остануваат отворени се до крајот на преговорите.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Апел на градоначалникот Лимани до гостиварци: Останете смирени и почитувајте ја привремената забрана за пиење на водата од градскиот водовод

Sasko Dimovski

Илјада луѓе побараа лекарска помош, водата во Гостивар забранета за пиење

Kristina Kuzmanovski

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе