Вести Ковид19 Свет

За 24 часа во Грција починале 130 лица од Ковид

За само 24 часа, од Ковид-19 во Грција починаа 130 лица, што е негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата по бројот на дневни смртни случаи.

Во однос на новозаразените, регистрирани се 5.736 позитивни случаи, а 700 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, од кои 568 (81,14 отсто) се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 1.012.659 случаи на Ковид-19, а починаа вкупно 19.475 лица.

Паралелно, со зголемен ритам се одвива процесот на имунизација во земјата, особено поради новите мерки што се однесуваат на лицата над 60 години, за кои од следниот месец вакцинацијата ќе биде задолжителна, додека пак од понеделникот сертификатот за вакцинација е неважечки без примена трета доза со поминати седум месеци од втората.

Од денеска започнува вакцинацијата и на децата од пет до 11 години, а од петокот до понеделникот биле закажани над 29.000 термини.

Во Грција веќе пристигнаа 60.000 дози од специјалните вакцини на Фајзер наменети за децата, што всушност се една третина од дозата за возрасните, а ќе се примаат две дози.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе