Вести Ковид19 Свет

Кипар воведува нови мерки против ковид кризата

Задолжителен рапид тест за сите што пристигнуваат на Кипар, со исклучок на оние кои примиле трета доза; присуство на свадби, крштенки и други прослави само за вакцинирани; задолжително тестирање за да продолжи да им важи сертификатот на вакцинираните пред седум месеци; промени во протоколите за контакти со позитивен случај, се дел од мерките што од денеска стапија во сила на Кипар, согласно одлуките на Владата донесени во понеделникот.

Сите што пристигнуваат на островот, во рок од 72 часа задолжително ќе треба да се тестираат со рапид тестови, кои се бесплатни од мобилните единици на Министерството за здравство на Кипар.

Во однос на свадбите, крштенките и било какви други прослави, дозволено е присуство само на вакцинирани. За оние кои примиле една доза задолжителен е и негативен тест, а за целосно вакцинираните со поминати седум дена или за оние кои во последните шест месеци прележале Ковид-19, не постојат ограничувања.

Истото, веќе важи и за спортските сали и стадионите, за кината и театрите, како и за ноќните клубови и угостителските објекти.

Планирано е следниот месец да се разгледа можноста за укинување на „SafePass“ (сертификатот за вакцинација) за лицата кои не примиле трета доза од вакцината, а поминале седум месеци од вакцинацијата.

Од сабота пак, овие лица веќе ќе мораат да се тестираат со ПЦР или рапид тест за да продолжи да им важи сертификатот.

Промени има и во протоколите за блиските контакти на потврдените случаи, па така од денеска до 15 јануари, задолжително ќе треба да направат рапид 72 часа по контактот и ПЦР тест на седмиот ден, а исклучок од мерката се оние кои примиле трета доза.

За лице кое имало контакт со заразен со Омикрон варијантата или со било кој друг сој што би се појавил во иднина, задолжителен е карантин, независно од тоа дали е вакцинирано или не.

Паралелно се намалува од шест на пет месеци и две седмици временскиот период за вакцинација со трета доза, а од утре започнува имунизацијата на деца од пет до 11 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јавниот долг над 10 милијарди евра, годинава ќе ја пробие црвената линија

Дејан Дејан

(Видео) Украински дронови го нападнаа регионот околу Санкт Петербург – напад што Русија го опиша како „без преседан“

Дејан Дејан

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе