Вести Свет Топ вести

Ќе има ли руска офанзива на Украина-разузнавачки, воени и дипломатски акции

Русија планира офанзива против Украина на најмалку 4 фронта на почетокот на следната година со 175 илјади војници, стои во  американски разузнавачки документ до кој дојде „Вашингтон пост“.

Русија разместува трупи кон границата со Украина додека бара гаранции од САД дека Украина нема да му се приклучи на НАТО и дека алијансата ќе се воздржи од одредени воени активности во околу Украина. Кризата предизвика стравови од нова војна во Европа и доаѓа во пресрет на планираниот виртуелен состанок на претседателите Џо Бајден и Владимир Путин следната недела.

Бајден тврди дека ќе и направи на Русија да и биде тешко да ја нападне Украина.

„Руските планови предвидуваат воена офанзива против Украина уште на почетокот на 2022 година со сили двојно поголеми од она што го видовме минатата пролет за време на вежбата на руската армија близу границата со Украина. Плановите вклучуваат движење на 100 баталјони со 175 илјади војници, тенкови, артилерија и друга опрема“, изјави неименуван американски функционер за „Вашингтон пост“.
Документот кој содржи сателитски снимки, покажува дека руски трупи се собираат на четири локации. Досега се распоредени  50 баталјони, заедно со новопристигнати тенкови и артилерија.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников рече дека Украина нема да направи ништо што би можело да предизвика таков развој на настаните, но дека е подготвена да се одбрани доколку Русија изврши напад.

„Нашите разузнавачки служби ги анализираат сите сценарија, вклучително и најлошото. Тие посочија дека постои можност за голема ескалација од страна на Русија. Најверојатната временска рамка да биде целосно подготвена за ескалација на состојбата е крајот на јануари“, рече Резников.

Украина крена тревога бидејќи во последните недели се забележани „големи и невообичаени“ движења на руски војници на нејзината граница, а министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеб драматично изјави дека „она што сега го гледаме долж границата не е само воено засилување, бидејќи Русија пролетва доведе армада на нашата граница и оттогаш ја нема повлечено“.

Украинските проценки се дека Русија има распоредено 94 илјади војници близу границата, САД засега проценува 70 илјади војници, но предвидува распоредување на уште над 100 илјади војници и се опишува екстензивно движење кон и од границата за да се затскријат намерите и да се предизвика несигурност.

Американскиот претседател Џо Бајден кажа дека подготвува мерки кои ќе го дигнат влогот за нова инвазија на Путин, кој, пак, ги отфрли ваквите американски предупредувања и кажа дека Русија не се заканува никому.

Москва пак бара гаранција дека на границата на Русија нема да се инсталираат западни воени сили и предупредува на можен украински напад на Крим.

На истокот на Украина се уште постојат градови контролирани од проруски сили.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

СДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спасува Груевски, ВМРО-ДПМНЕ со одговор-фактите се непријатни за СДС

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе