Вести Македонија Најважни

Со два воено-транспортни авиони од Бугарија се очекува да пристигнат посмртните останки од жртвите во несреќата кај „Струма“

Со два воено-транспортни авиони утринава од Бугарија се очекува  на Меѓународниот аеродром Скопје да пристигнат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“-Скопје, што се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник.

По пристигнувањето, како што најавија од МНР,  требаше да има поворка која ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град, за граѓаните да им оддадат последна почит на загинатите, но од МНР соопштија дека има измени на барање на семејствата.

Tелата од аеродромот ќе бидат пренесени во домовите на семејствата, односно нема да има поворка која требаше да помине пред плоштадот Скендербег. Оваа измена доаѓа согласно барањата на дел од семејствата на загинатите, а со цел телата да бидат предадени пред петочната молитва. За граѓаните кои сакаат да оддадат почит, се уште останува можноста тоа да го сторат на плоштадот Скендербег во периодот од 10 до 13 часот.

Вчера заменик бугарскиот државен обвинител Борислав Сарафов изјави дека веќе биле идентификувани сите 45 жртви од автобусот кој се запали на автопатот „Струма“ и дека идентификацијата била направена со ДНК профили. Во несреќата, кога автобусот на скопската компанија „Беса транс“ на враќање од Турција се запали и изгоре на автопатот „Струма“ кај Софија во раните утрински часови на 23 ноември, загинаа 45 патници, а седуммина беа повредени. Последниот од седумтемина повредени патници завчера беше вратен во Скопје.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен Македонец кој лажно се претставувал како лекар во Хрватска и измамил шест лица за 41.000 евра

Kristina Kuzmanovski

Измените во КЗ го ослободија Груевски од „Талир 2“ – одбиена конфискацијата на партискиот имот

Sonja Petrusevska

СДСМ: Судството под контрола на Мицкоски го спасува Груевски, ВМРО-ДПМНЕ со одговор-фактите се непријатни за СДС

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе