Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Наградата за матичните лекари единствена мерка – владата се откажа од задолжителната имунизација за вработените во администрацијата

Наградата за матичните лекари останува единствена мерка со која владата ќе се обиде да ги натера луѓето да се вакцинираат против ковид 19. Министерството за здравство се откажа од идејата сите вработени во јавната администрација, но и во приватниот сектор да мора да се имунизираат.

Според министерот Венко Филипче не постои механизам како законски би се реализирало тоа.

Не ја исклучува можноста од воведување на задолжителна вакцинација, но вели дека ќе остави време да види дали апелите од матичните лекари ќе ги поттикнат невакцинираните.

Вчера владата донесе одлука матичните лекари да се наградат со 30 денари по пациент ако 70 проценти од запишаните кај нив се вакцинирани.

Со ова смета дека токму матичните ќе ја подигна свеста за вакцинација против Ковид-19 кај нивните пациенти.

Претходно го одби предлогот на Комисијата за заразни болести за задолжителна имунизација на јавниот и приватниот сектор.

Најголемиот дел од матичните лекари пак сметаат дека дури е недозволиво да има ваква мерка. Не би ги земале ни парите доколку е исполнет условот кој државата го одреди.

Според пресметките на министерството матичните лекари во некои градови имаат и по 2 500 пациенти, додека просекот е околу 1 000.

Тоа ќе значи дека ако имаат по 700 вакцинирани би земале 350 евра кои ќе се исплаќаат напролет.

Според министерот дел од лекарите веќе го исполниле условот.

Во последниот извештај за Ковид состојбата во земјава кој го изработува институтот за јавно здравје, до 27 ноември вакцинирани се 839 600 луѓе со барем една доза или 50,4% од населението.

Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 800 600 или 48 проценти. Третата доза пак примиле 71 400.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

25 години затвор за „Кралто на крипто-валутите“ поради финансиска измама

Дејан Дејан

Следува период на стабилно, сончево и топло време – Временска прогноза за 30.3.2024

Дејан Дејан

Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе