Вести Ковид19 Свет Топ вести

ЕМА: Ќе бидат потребни четири месеци за вакцина против Омикрон варијантата

Европската агенција за лекови е подготвен да се справи со новата варијанта на корона вирусот и за две недели ќе се знае дали постоечките вакцини против Ковид-19 се ефикасни и против омикрон сојот. Според шефицата на ЕМА, во меѓувреме е потребно да продолжи вакцинацијата со третата поттикнувачка доза, а за одобрување на нова вакцина која ќе биде ефикасна против  омикрон варијантата на коронавирусот, ќе бидат потребнни четири месеци за одобрубање за нејзина употреба во сите 27 земји- члеки на ЕУ. Емер Кук денеска звучеше посмирувачки од СЗО, која вчера упати предупредување дека глобален ризик од новата варијанта е многу висок.

Сега мислам дека е многу важно да продолжиме да ја испраќаме пораката дека актуелните вакцини ја даваат потребната заштита и да обезбедиме оние кои можат да ја примат засилувачката дополнителна доза. А во исто време, мораме да се подготвиме во случај да постои потреба за промена на сегашните вакцини. Тоа е работа која ќе ја завршат компаниите- Емер Кук, извршни директор на Европската агенција за лекови.

За разлика од ЕМА, извршниот директор на Модерна Стефан Бансел има поинаков став. Тој смета дека постоечките вакцини ќе бидат многу помалку ефикасни против сојот Омикрон и предупреди дека може да поминат месеци пред фармацевтските компании да можат да произведат повеќе вакцини што ќе делуваат против новата варијанта на коронавирусот. Тој смета дека постоечките вакцини можеби ќе треба да се модифицираат следната година.

Програмерите на вакцините Спутник В се подготвени да го прилагодат вакцината за новата верзија на коронавирусот – омикрон. Велат дека нема да потрае долго. Сојот што предизвика паника низ светот сè уште не е пронајден во Русија. Но, експертите се подготвени и ја нагласуваат потребата од вакцинација и ревакцинација против КОВИД-19.

Можеме со сигурност да кажеме дека вакцините ќе продолжат да делуваат и ќе штитат од тешки болести, како што е овој случај, како и сите претходни типови на вируси. Тоа е најважното, вели Владимир Гушчин, раководител на лабораторијата во Гамалеја.

Во Јапонија е потврден првиот случај на зараза со сојот Омикрон на коронавирусот, откриен кај турист кој неодамна допатувал од Намибија. Како и голем број земји и Јапонија вчера превентивно ги затвори границите за странци. Британија

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе