Вести Македонија Топ вести

Нова средба на Заев со Гаши за влез на Алтернатива во Владата

Продолжуваат преговорите меѓу СДСМ и Алтернатива за можноста оваа партија да стане дел од владејачкото мнозинство или ќе остане во опозицискиот блок. Средбата меѓу премиерот Заев и лидерот на Алтернатива, Гаши ќе се одржи денеска во 14 часот.

Централното претседателство на Алтернатива во петокот го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза.  Заев и Гаши, претходно одржаа средба и на 19 -ти месецов.

На седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа исто така во петокот, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

Заев  во изјава за Телма во однос на тоа дали во овој момент ќе се повлече од премиерската функција, а оставката ќе ја депонира во Собранието или пак ќе го послуша барањето на неговиот коалициски партнер ДУИ и својот мандат да го заврши  до 2024 година, вели дека се ќе зависи од преговорите со Алтернатива и со Бугарија.

Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара од Заев, по поднесената оставка во партијата, да поднесе оставка и во Владата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Жител на Курбиново заврши на интензивно лекување по напад од мечкa

Kristina Kuzmanovski

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе