Вести Ковид19 Свет

Португалија ќе воведе нови ограничувања поради Ковид-19

Во Португалија, една од државите со највисока стапка на вакцинација, разгледуваат опции за нови ограничувања за да се спротивстават на ширењето на епидемијата на Ковид-19 и рекордниот број на нови случаи и хоспитализации од почетокот на учебната година.

-Неопходно е да се утврди кои мерки се потребни за да се спречи скок на бројот на пациенти, изјави владината портпаролка Маријана Виеира да Силва. Таа прецизира дека не се предвидуваат драстични мерки како претходните, бидејќи, вели, сега населението е позаштитено, особено благодарение на високата стапка на вакцинација.

Претседателот, Марсело Ребело де Соуса, оцени дека е неизбежно да се носат маски и надвор. Мерката воведена во октомври 2020 година беше укината на 13 септември. Се уште се препорачува носење маски на собири и кога не е можно да се одржи растојание.

Португалија вчера постави нов рекорд со 2.527 нови инфекции за 24 часа и го надмина прагот од 500 хоспитализации, што е рекорд од почетокот на септември, покажуваат најновите податоци на здравствените власти. Социјалистичкиот премиер Антонио Кошта навести дека земјата би можела повторно да воведе некои мерки, особено пред празниците на крајот на годината.

– Треба веднаш да реагираме…Колку подоцна почнеме, толку повеќе ризици ќе има, предупреди тој, но исто така ја отфрли можноста за воведување вонредна состојба, што беше на сила шест месеци меѓу ноември и април.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе