Ситуацијата е неодржлива и опозицијата треба да размисли за политичка радикализација, се губи смислата на изборите бидејќи тие со вакви методи можат до стигнат и до 90 пратеници, порача лидерот на Димитар Апасиев од Левица.
Пратеникот до последно беше со нас. До синоќа до еден ипол тој бил во постојана комуникација со сопартијците. Значи нешто се има случено а тоа е „мексиканско сценарио“. Ова е картел, ова е мафија и мислам дека ситуациајта е пресериозна. Го повикувам претседателот Пендаровски сериозно да размисли за понатамошните чекори бидејќи ова може да ја радикализира ситуацијата на терен, рече Апасиев.
