Вести Македонија Топ вести

Кичеец не бил дрогиран и пијан, признал и се каел за жртвата во несреќата поради престигнување на полна лента-обвинителството се смилува со 6 месеци затвор за неговото признание

За човечка жртва предизвикана со претекнување на полна лента на патот Кичево-Скопје на угорнината кон преминот Стража, затвореникот Зоран Милески-Кичеец ја призна вината и изрази каење. Поради тоа обвинителството во Гостивар предложи 6 месеци затвор за Кичеец, а гостиварскиот суд ја прифати таа казна.

Обвинителството во одговор посочува дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Единствен констатиран пропуст со сообраќајното вештачење е претекнување на полна лента. Несреќата се случи на 4-ти септември во време кога Милески Кичеец имал условен отпуст од струшкиот затвор за да лежи и одмара дома.Наместо тоа, Кичеец возел двајца Срби кои по несреќата, тешко повредени си заминаа од Македонија. Жртва на несреќата е 32-годишен жител на Гостивар и татко на две деца. Кичеец издржуваше тригодишна затворска казна откако претходно призна вина и за случајот Рекет.

Кичеец во предлогот за спогодба барал и условна казна за тешката несреќа во која загина еден, а седумина беа повредени по негова вина.Обвинителството не прифатило и понудило минимална казна.

Бидејќи беше затвореник, но надвор од затвор, Кичеец се спаси и од притвор каде остана само неколку дена.

Притворот му беше определен затоа што гостиварското обвинителство се плашеше Кичеец да не се даде во бегство. Сега истото обвинителство се задоволи од само 6 месеци затвор иако во законот постои можност и да се одбие предлог-спогодбата од обвинетиот.

Тие неколку дена притвор на Кичеец ќе му се пресметаат во 6-месечната затворска казна, а тој казната поради кратката должина ќе ја одржува во некоја од полуотворените казнено- поправни домови, најверојатно во охридскиот затвор, наместо во струшкиот каде требаше да биде кога ја направи сообраќајната несреќа.

Целосниот одговор на обвинителството за спогодбата со Милески:

-Основното јавно обвинителство Гостивар првично донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител спроведе темелна истражна постапка во рамките на која беа наредени и извршени повеќе вештачења за точно утврдување на причините за несреќата. Од резултатите на извршените вештачења произлезе дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот.

Единствен констатиран пропуст со сообраќајното вештачење е претекнување на полна лента, за што осомничениот призна вина и изјави жалење и каење за стореното кривично дело. Имајќи ги предвид сите утврдени околности, надлежниот јавен обвинител констатираше дека осомничениот го сторил делото од небрежност и дека во конкретниот случај се исполнети елементите на кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 4 и став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот преку неговиот бранител поднесе предлог-спогодба за признание на вина со која предлагаа условна казна затвор за стореното кривично дело. Надлежниот јавен обвинител го одби ваквиот предлог, па имајќи ги предвид сите околности во предметот и судската пракса на Основниот суд Гостивар, одлучи да постигне предлог-спогодба со која на обвинетиот ќе му биде утврдена ефективна затворска казна од шест месеци. Ваквата спогодба беше потврдена од надлежниот суд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе