Вести Македонија Најважни

Агент на АНБ и амнестиран за крвавиот четврток уценувале градежен бизнисмен со непостоечка истрага

Едно лице вработено во Агенција за национална безбедност, попладнево е уапсено во рамки на истрага на скопското обвинителство. Од МВР не соопштуваат детали.

Во акцијата се уапсени двајца, од кои едниот е вработен во тајната служба АНБ, додека вториот е лице со кривично досие.

Според информациите на Телма, двајцата уценувале и вршеле изнуда од скопски бизнисмен кој имал фирма за градежништво. Уапсените тврделе дека против фирмата има кривична истрага и двајцата може за 5 илјади евра да средат затворање на истрагата. Всушност, истрага немало, а бизнисменот го пријавил случајот во надлежниот полициски оддел по што отпочнала постапка. Бизнисменот добил форензичко одбележани пари кои во ресторан во Скопје му ги предал на вториот член на групата кој што соработувал со агентот на АНБ. Тогаш на лице место е уапсен уценувачот. Според првичните информации, покрај приведениот припадник на АНБ , вториот уапсен кој ги „подигал“ парите од уценуваниот бизнисмен е обвинет и амнестиран за упадот во Собранието на 27-ми април. Уапсениот имал и повеќе други кривични дела. Тој ја искористил амнестијата за крвавиот четврток заедно со организаторите на протестите, пратениците и собраниските службеници кои беа ослободени од кривична одговорност за крвавите инциденти во парламентот бидејќи не беа директни учесници во насилствата. Припадникот на АНБ пак бил вработен во агенцијата во септември 2019-та, кога новата агенција ја замени претходната УБК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво обвинение за осомничените соучесници, а подоцна и за Палчо

Палевски бара адвокати, Телма ги открива нивните имиња

Дејан Дејан

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе