Локални избори 2021 Македонија Топ вести

Излезноста до 17 часот изнесува 42,37 проценти

Од нешто помалку од 96 проценти обработени податоци од гласачки места, излезноста до 17 чсот изнесува 42,37 проценти, соопшти портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.

Највисока излезност е забележана во Вевчани 75,6%, потоа следуваат Конче 73,15, Ранковце 71,02, а над 60 проценти излезност имаат и општините  Пробиштип, Пехчево, Росоман, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Лозово и Демир Капија.

Најниска излезност има во две од скопските општини Сарај 23,41, Шуто Оризари со 28,48, и Боговиње 30,23.

Од скопските општини највисока е излезноста во Карпош 47,05, потоа следува Центар 45,40, Кисела Вода 42,57, Аеродром 42,37, Ѓорче Петров 40,75, Чаир 39,36, Гази Баба 38,18, Бутел 36,65 и Шуто Оризари 28,48 и Сарај со 22 проценти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот

Sonja Petrusevska

Вкупно 198 пациенти прегледани изминатото деноноќе во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Индија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе