Економија Топ вести

Пропадна тендерот за набавка на јаглен за РЕК Битола

ЕСМ не успеа да набави јаглен за активирање на третиот блок на РЕК Битола. Пропадна тендерот со кој се бараше итно да се купат 900.000 тони јаглен. Понуди имало  – но количините кои се нуделе биле мали. Сега јаглен ќе се бара на нов тендер. За ТЕЦ Осломеј се бараа 300.000 тони јаглен. Понудите се прифатени, но дополнително ќе се избира компанијата од која ќе се купи.

На  тендерот  за  купување  на вкупно 1, 2 милиони тони јаглен  се пријавиле девет фирми од Косово, Албанија, Турција, Русија и БИХ. За понудите за ТЕЦ Осломеј сега ќе треба да се направи техничка,и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават и дури потоа одлука  за избор на компанијата од која ќе се купи.

Преку зголемување на домашното производство на струја владата планираше да го амортизира ударот од енергетската криза. Цената на струјата на светските берзи се зголеми за 4 пати и достигна и до 200 евра за мегават час. Откако снабдувачите почнаа да ги раскинуваат договорите со компаниите, владата најави дека со интервентната набавка на јаглен  ќе се обиде да им помогне и на компаниите и да понуди струја по пониска цена од берзанската.

Цената за домаќинствата е  гарантирана до Нова година, а дали догодина ќе има корекции ќе се знае откако ќе се пресметаат загубите на компаниите.

Експертите пак предупредија  дека ни претстои тешка зима. Стабилизација на цената на струјата на берзите се очекува да има дури во втората половина следната година.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

25 години затвор за „Кралто на крипто-валутите“ поради финансиска измама

Дејан Дејан

Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе