Вести Ковид19 Македонија

Над 800 илјади се вакцинирани со барем една доза-најмногу се со Фајзер, Министерството за здравство и Институтот со различни бројки на вакцинирани

Заклучно со 19 октомври вкупно се вакцинирани  800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани, соопшти Министерството за здравство денеска со назнака дека над 54% од граѓаните постари од 40 години се ревакцинирани.

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 се аплицирани како прва доза, 1.585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина.

54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, соопшти министерството.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, пресмета Министерството.

Одруга страна, пред два дена институтот за јавно здравје излезе со друга бројка која е поголемља од оваа денешната на министерството, но најверојатно поради вакцинираните во странство.

Заклучно со 17.10.2021, вакцинирани се вкупно 806.263 лица со барем една доза на
вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две
дози) се вкупно 764.949 лица.

Според сајтот ковид19вакцинација.мк, до тогаш се вакцинирани 799,762 граѓани што значи 6.501 помалку од вкупниот број според ИЈЗ, што значи дека толку граѓани се вакцинирале во странство и се пријавиле во надлежните институции. 

Бројката на вакцинирани во странство е многу поголема бидејќи само во Врање се вакцинирани со две дози околу 12 илјади македонски државјани, но Министерството за здравство ги смета само оние кои се пријавиле сами за вакцинирани.

Со една доза на вакцина против COVID-19 се вакцинирани 48,4% од населението на 18
годишна возраст, односно 44,7% од население над 12 годишна возраст.

Најголем дел се вакцинирани лица со две дози од возрасната група 25-49 години (n=284.641)., соопшти ИЈЗ.

Бројот на аплицирани вакцини е од последниот неделен извештај на ИЈЗ.

Тип на вакцина             Прва               Втора           Трета                Вкупно

Pfizer/Biontech              316.824         292.817         1.196                610.837
Sinovac                            247.751        237.261                                    485.012
Sinopharm                       151.034       149.770                                    300.804
AstraZeneca                     67.664           62.478                                   130.142
Sputnik V                           22.990           22.623                                     45.613
ВКУПНО                          806.263         764.949        1.196             1.572.408

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе