Вести Свет

Првиот јавен сервис во светот Би-Би-Си слави 99 години постоење

На денешен ден во 1922 година, беше основан Би-Би-Си – првиот јавен сервис во светот.

Корпорацијата беше основана од група водечки производители на безжични мрежи, вклучително и Гиљермо Маркони.

Програмата започна во ноември истата година, а пет години подоцна, по кралското одобрување, го доби сегашното име British Broadcasting Corporation (Би-Би-Си).

Би-Би-Си е британска корпорација за емитување радио и телевизиски програми во светот.

Со седиште во Лондон, ова е најстарата национална радиодифузна станица во светот и најголемата радиодифузна станица во светот според бројот на вработени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе