Четворица руски туристи се пронајдени мртви во хотел во зоната Ќерет, во познатиот албански приморски град Каваја.
Нивните тела биле пронајдени во хотелската сауна. Основано се сомнева дека причина за смртта е задушување.
Нивното отсуство ги загрижило другите туристи од групата со која биле заедно пристигнати, по што го известиле персоналот на хотелот.
Околу 22:20 часот во Ќерет, Каваја, во просториите на хотелска сауна, пронајдени се мртви четири лица, две жени и двајца мажи, државјани на Русија. Телата се дадени на обдукција. Истрагата е во тек. За настанот е известена и руската Амбасада, стои во полициското соопштение.
