Рентгенот на хрватските граничари покажува како изгледа женски абдомен откако ќе се голтнат кесички со дрога за шверц.
Ги викаат мули, како трудољубивите животни кои може да носат многу товар. Станува збор за луѓе кои се платени да ја транспортираат дрогата од една до друга алка во нарко синџирот.
Многу често транспортот на дрогата, мулата го врши со голтање на пакетчиња кокаин пред да поминуваат граница. После тоа не смее да јадат ниту да пијат вода за да не се случи предвремено „ослободување“ на нарко-товарот.
Случај на телесно пренесување на килограм кокаин спакуван во желудник на 28-годишна бразилка открија хрватските гранични полицајци пред 12 дена. Но го обелоденија случајот после десет дена чекање затоа што се грижеле бразилката да преживее без да и пукне пакетче во стомакот и така да ја предозира.

Откако се „олеснила“ мулата од Бразил, хрватските полицајци изброиле вкупно 76 пакетчиња со околу еден килограм кокаин. Уапсената рекла дека за транспортот требало да заработи илјада евра. Во изминатиот период, истата бразилка била на уште еден аеродром во соседството на Хрватска, но не е откриено каде слетала.
