Вести Свет Топ вести

На Косово мирно, но напнато

Се уште се гледаат трагите од вчерашните судири  во Косовска Митровица и во Звечан. На улиците утринава има остатоци од патрони од испуканите куршуми и шок бомби. Испукани се стотици куршуми во вчерашните судрири меѓу косовските Срби и косовската полиција. Повредени беа десетици цивили, а ранетиот Србин кој беше операриран е надвор од животна опасност.

Инцидентите почнаа кога косовската полиција за економски криминал затворија неколку продавници во Косовска Митровица, со цел, како што соопштија да спречат криумчарење на стока. Тоа предизвика жестока реакција кај Србите кои со камиони и возила блокираа улици и раскрсници. Полицијата се обиде да ги растера со солзавец, но и тие возвратија со камења, по што почнаа и пукотници.

Полицијата соопшти дека се уапсени осум лица, за десетина се распишани потерници, меѓу нив и двајца Срби. Српските власти побараа помош од меѓународната заедница да реагира ид а го смири како што рекоа лудилото на премиерот Албин Курти. Претседателот Вучиќ разговараше со косовските Срби на кои им порача дека ќе го чуваат мирот, но ако се продолжи со пукање кон Србите, тогаш Белград нема да има избор.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе