Свет Топ вести

Борел: Договорот меѓу „Газпром“ и Унгарија не го прекршува европското законодавство

Договорот меѓу руската компанија „Газпром“ и Унгарија за снабдување со гас преку цевки околу Украина, не го прекршува европското законодавство, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел за време на самитот Украина-ЕУ во Киев.

„Газпром“ и унгарската „МВМ ЦЕЕнерџи“ претходно потпишаа два долгорочни договора за снабдување со гас преку „Турски поток“ преку Србија и Австрија, при што и двете рути ја заобиколуваат Украина. Киев изрази разочарување од одлуката на Будимпешта, бидејќи тоа им штети на билатералните украинско-унгарски односи и ја објави својата намера да се обрати до Европската комисија.

Борел истакна дека земјите-членки на ЕУ се слободни да склучуваат билатерални договори.

– Колку што знам, нема ништо незаконски во овој договор меѓу Унгарија и „Газпром“, ништо што би било спротивно на европското законодавствп, нагласи Борел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе