Свет Топ вести

ЕУ ќе предложи решение за спорот од Брегзит за Северна Ирска

Европската комисија денеска треба да ги соопшти решенија што ги предлага за спорот со Лондон околу Северна Ирска, јави ДПА.

Потпретседателот на Европската комисија и пратеник за Брегзит, Марош Шефчовиќ, се очекува да го претстави деталниот план  на мерки за минимизирање на тешкотиите во внатрешната трговија во Обединетото Кралство, што се претставени со таканаречениот Северноирски протокол, додава германската агенција.

Тој, според извештаите, може да има и исклучоци за одделни производи, како што се одреден тип храна и лекови. Меѓутоа, не се очекува да има повторно темелно преговарање за протоколот.

Многу е дискутабилно дали мерките што ќе се предложат ќе бидат доволни да го задоволат Лондон.

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Фростм вчера повика на целосна реформа на протоколот. Меѓудругото, тој инсистираше на тоа дека мора да заврши улогата на Европскиот суд на правдата (ЕСП) во политиката на протоколот. Тој, исто така, ја повтори заканата за суспендирање на делови од протоколот преку итен механизам, пренесува ДПА.

Со Протоколот за Северна Ирска се постигна исчекор во долготрајниот спор меѓу Брисел и Лондон за територијата на Обединетото Кралство. Според договорот, Северна Ирска продолжува да ги следи правилата за единствен пазар и царинска унија на ЕУ, со што се спречи цврста граница меѓу Северна Ирска и членката на ЕУ -Република Ирска, и обновениот конфликт околу обединувањето на островот.

Меѓутоа, ова бара поголема контрола меѓу Велика Британија и Северна Ирска, бидејќи Лондон повеќе не сака да биде обврзан со стандардите на ЕУ. Стоките што доаѓаат од Англија, Шкотска или Велс во Северна Ирска сега треба да се декларираат и делумно да бидат подложени на контрола. Но, ова е трн во око на владата во Лондон, како и про-британските унионисти од Северна Ирска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе