Вести Свет Топ вести

Падобранци загинаа во авионска несреќа во рускиот Татарстан

Авион Л-410 се урна денеска во близина на град во рускиот регион Татарстан, при што загинаа 16 лица, а седум се повредени, соопшти руската агенција за управување со вонредни состојби.

Претходно, руските медиуми јавија дека во авионската несреќа загинале 19 лица, а тројца се повредени, и дека во авионот имало вкупно 23 лица.

Во авионот имало група падобранци, објави Агенцијата за управување со вонредни состојби. Седум лица се извлечени живи. Авионот е Лет Л-410 Турболет, двомоторен транспортен авион за кратки дестинации.  Тој е дизајниран да превезува до 19 патници на растојание до 1.500 километри. Се испитува можно преоптоварување како фактор што придонел во инцидентот во Татарстан. Ова е трета фатална несреќа со Л-410 од јуни оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе