Вести Свет

Себастијан Курц поднесе оставка

Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка на фукцијата. На негово место, како штo наведуваат медиумите, ќе дојде министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.

Во обраќањето до нацијата Курц рече дека секогаш се обидувал да даде свој придонес за Австрија, а додаде дека во изминатата година и пол многу се барало од него. Исто така, рече дека државата му е поважна од него самиот.

 

Тој го предложи  Шаленберг за нов сојузен канцелар. Курц засега ќе остане претседател на партијата и претседател на клубот.

Заднината на кризата во Австрија е истрагата што ја започна државното обвинителство за економски криминал против Курц и неколку други истакнати членови на ÖVP. Тие се обвинети за проневера на даночни пари во 2017 година, кои ги користеле за медиумски кампањи во корист на партијата. Австрискиот канцелар ги отфрли обвинувањата.

Курц, исто така, е под истрага за наводно  лажно сведочење пред парламентарната комисија за расветлување на таканаречениот скандал „Ибица“, во чиј ек тогашната популистичко-либерална влада, составена од популисти и екстремно десничари, падна пролетта 2019 година. И за тој случај, Курц се изјасни за невин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе