Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка на фукцијата. На негово место, како штo наведуваат медиумите, ќе дојде министерот за надворешни работи Александар Шаленберг.
Заднината на кризата во Австрија е истрагата што ја започна државното обвинителство за економски криминал против Курц и неколку други истакнати членови на ÖVP. Тие се обвинети за проневера на даночни пари во 2017 година, кои ги користеле за медиумски кампањи во корист на партијата. Австрискиот канцелар ги отфрли обвинувањата.
Курц, исто така, е под истрага за наводно лажно сведочење пред парламентарната комисија за расветлување на таканаречениот скандал „Ибица“, во чиј ек тогашната популистичко-либерална влада, составена од популисти и екстремно десничари, падна пролетта 2019 година. И за тој случај, Курц се изјасни за невин.
