Свет Топ вести

Американска нуклеарна подморница се судрила со објект за време на пловидба во Јужното Кинеско Море

Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект додека патролирала во Јужното Кинеско Море, област каде Кина има големи претензии, соопшти американската морнарица.

Американската нуклеарна подморница „Конектикат“ се судри со неидентификуван објект за време на навигацијата во индо-пацифичкиот регион, објави денеска прес-службата на Пацифичката флота на американската морнарица.

Подморницата за брз напад, од класата Сиволф „Конектикат“ (С СН 22) го погоди објектот додека беше под вода на 2 октомври попладне во меѓународните води во индо-пацифичкиот регион, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Безбедноста на екипажот останува главен приоритет на морнарицата, беше истакнато во соопштението во кое се додава дека никој не претрпел повреди опасни по живот.

Подморницата е во стабилна состојба, нуклеарниот погон и простор не се погодени и се целосно во функција.

Прес-службата наведе дека се проценува степенот на оштетување на остатокот од подморницата и додаде дека инцидентот ќе се испита.

Во извештајот се наведува дека подморницата не се судрила со друга подморница и се враќа во пристаништето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп повторно воведува блокада за иранските бродови и најави 20% надомест за комерцијалните бродови кои минуваат низ Ормускиот теснец

Igor Trajkov

Јанев од Кочани вети целосно расчистување на случајот со бегството на притвореник преку прозор на полициска станица

Дејан Дејан

Тензии во Советот на Тетово: По четиричасовна расправа усвоен дневниот ред, ДУИ ја напушти седницата иако беше прифатена нивна иницијатива 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе